Зошто голот на Мбапе не беше офсајд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Победничкиот гол на Франција е главната тема по финалето на Лигата на нации.

По додавање од Тео Ернандез, Мабепе излелзе еден на еден со Унаи Симон, го измами и постигна гол.

Снимките покажуваат дека Мбапе е во офсајд при додавањето од Ернандез. И тоа е точно. Но Ерик Гарсија е фудбалерот кој сам си ја урна офсајд стапицата откако играше со топката пред таа да дојде до Мбапе.

Правилата велат дека ако има намерен удар од противнички играч, тоа се смета за нова акција, а допирот со топката од Гарсија беше намерен без разлика колку беше мал.

Тоа е причината што голот на Мбапе беше признаен, а не поништен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани