Агуеро и Џерард нека му ја мислат, Роналдо е прогласен за Играч на месецот во Премиерлигата

by
1 минути читање

Прво признание за
Кристијано Роналдо по враќањето во Мначестер јунајтед, Португалецот е избран за
Играч на месецот во Премиерлигата. ЦР7 постигна три погодока (два против Њукасл
и еден против Вест Хем) во септември па тоа беше доволно да ја добие наградата
пред Мо Салах, Жоао Кансело, Антонио Ридигер, Алан Сент Максиман
и Исмаила Сар.

Последен пат
Кристијано Роналдо беше прогласен за Играч на месецот во 2008, па разликата од
13 години е најдолга во историјата на наградата.

За Кристијано
Роналдо ова беше петто вакво признание и се изнеднчи со Вејн Руни и Робин ван
Перси. Пред него се Стивен Џерард и Хари Кејн со по шест награди и Кун Агуеро
со седум награди, но се чини само прашање на време е кога ЦР7 ќе го завземе тронот
и во оваа категорија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×