Со три гола и пет
асистенции Тимо Вернер има најголема инволвираност во погодоците на Челси во
Премиерлигата под кормилото на Томас Тухел, но 25 годишниот напаѓач стартуваше
само на три од последните седум меча на „Сините“ од Лондон.
Доаѓањето на
Ромелу Лукаку го стесни просторот на Вернер, кој се врати со гол против
Саутемптон, а самиот тој признава дека изминативе неколку седмици биле тешки за
него.
„Изминативе
неколку седмици во Челси ми беа тешки, по толку години, се почувствував како да
направив чекор назад, а да морам одново да се борам за да се вратам на стариот
пат повторно“ рече Вернер во изјавата за германски „Експрес“.
„Се разбира, нема
да сум задоволен доколку не играм, секако дека сакам да бидам стандарден во
еден голем клуб, но сигурно нема да кажам дека во случај да не стартувам на 10
или 15 натпревари пред Божиќ тогаш би сакал да си заминам“ додаде германскиот
офанзивец.
„Работите се
случуваат релативно брзо во фудбалот, треба да ја гледам големата слика за да
донесам одлука, кариерата секогаш оди нагоре, а на моменти и паѓа, никогаш не
оди во една насока, но сите учиме како да се справиме со тие моменти“ подвлече
Вернер.