Абрахам откри како Мурињо го убедил да го одбие Арсенал и да се пресели во Рома

by
1 минути читање

Изминатово лето, Англичанецот
беше желба на неколку клубови. Арсенал му понуди шанса да остане во Лондон и
Премиерлигата, но на крај тој се реши за авантура во странство и ја одбра Рома
на Жозе Мурињо.

Напаѓачот добро
ја започна карирата во Рим, постигна четири гола на десет натпревари па доби
повик од селекторот Герет Саутгејт и се врати во составот на „трите лава“.

Во разговор со медиумите
од Англија, Тами Абрахам сега проговори за својот избор и како Жозе Мурињо го
убедил да се пресели во Рома.

„Ми се јави и ми
рече, „Дали сакаш да уживаш во малку сонце или да останеш на дождот?“ Добро се
насмеав. Во прв момент не обрнав многу внимание на ова. На ум имав само дека
сакам да останам во Премиерлигата. Лондон, Премиерлигата… тоа е мојот дом. Но
кога тој зборува, морате да слушнете што има да каже“
– вели Абрахам.

„Имав неколку
опции, но разговарав со Жозе и тој имаше цел, ми покажа во кој правец сака да
се движи Рома и сакав да бидам дел од тој процес“.

„Навистина покажа
голема доверба во мене, па тој има голема заслуга за одуката да ја изберам Рома“.

„Од соработката
со Мурињо во Италија научив толку многу тактички, колку што имав научено целата кариера претходно. Убаво е да се учи од различни тренери, во
моментов учам многу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани