67
Ив Бисума
подолго време е мета на гигантите од Англија, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Арсенал се дел од клубовите
кои пројавуваат интерес за неговите услуги и се најавува трансфер во јануари или по крајот на сезоната. Но богатата зделка може да
пропадне поради проблем со законите.
Репрезентативецот
на Мали со лисици на рацете бил изнесен од ноќен клуб во 2 часот наутро и
вчерашниот ден (среда) го поминал во полициска станица.
Медиумите
пишуваат дека Ив Бисума се сомничи за сексуален напад. Од таборот на Брајтон
потврдија дека нивниот фудбалер е под истрага на полицијата, но бидејќи се работи
за правен процес, тие не можат да откријат повеќе детали.