Јувентус разгледува две опции за нов напаѓач, иднината на Мората е загрозена

by
1 минути читање

Мората во Јувентус пристигна во 2020 на двегодишна позајмица со опција за пермантентен трансфер. За двегодишната позајмица плаќаат 20 милиони евра, а по крајот на оваа сезона треба да додадат уште 35 милиони евра за комплетно да го откупат.

Но, информациите од Италија велат дека Јувентус има други планови. Нивна цел број еден е напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.

Желба им е и Мауро Икарди, по кој може да тргнат уште во јануари.

Било кој од Икарди или Влаховиќ да дојде во Јувентус, иднината на Мората ќе биде загрозена и тој најверојатно ќе треба да си ги спакува куферите и да побара нов клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани