87
Поранешниот
фудбалер на Ливерпул и Манчестер Сити, Дитмар Хаман го искритикува Манчестер
јунајтед дека неговите перформанси под кормилото на Оле Гунар Солшер се
патетични, а му даде и ново име на „Олд Трафорд“.
„Единствената
причина поради која Манчестер јунајтед се уште е во трката за титулата, а
воедно имаат можност за прогрес во Лигата на шампионите е Кристијано Роналдо“
вели Хаман за германски „Скај Спорт“.
„Навистина не
знам што би правеле без него и неговите голови, Олд Трафорд го нарекуваа Театар
на соништата, а сега е Театар на кошмарите“ додаде Германецот.
„Нивните
перформанси се патетични, во моментов тие не играат добар фудбал“ заклучи
Хаман.