Одегард вели дека му било тешко да формира пријателства во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Изминатото лето
Мартин Одегард и дефинитивно ја заврши својата авантура со Реал Мадрид, а
неговиот договор во целост беше откупен од Арсенал, каде Норвежанецот се пронајде
себе си откако најпрво беше на позајмица во Лондон.

Како што и самиот
плејмејкер тврди, за него воопшто не било лесно да се формираат пријателства и
пријатели во Реал Мадрид, меѓутоа е среќен поради фактот што искусил тешко
искуство кое на крајот го направило посилен.

Постоеа многу
тешки периоди, едни со првиот тим, други со вториот
“ изјави Одегард за
норвешкиот канал „ТВ2“.

Но, да се биде
помеѓу најдобрите ме направи посилен, чувствувам дека се развив во тоа што сум
денеска најмногу благодарение на Реал Мадрид, а учев од фудбалери како Серхио
Рамос и Кристијано Роналдо
“ додаде тој.

Кога сте на
високо ниво, воопшто не е лесно да формирате пријателства и пријатели, најмалку
кога сте млад и доаѓате од друга средина, јас дојдов од сосема различна култура
во соблекувалната, а воопшто не е лесно да се вклопите во соблекувална како таа
на Реал Мадрид, тоа е навистина тешко, а сето тоа ме направи посилен и среќен
сум што истото го искусив
“ заклучи Норвежанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани