Мајката на Мбапе најави пресврт во однос на иднината на напаѓачот

by
1 минути читање

Килијан Мбапе и
натаму не ја затвори целосно вратата по прашањето за неговата иднина во ПСЖ,
каде актуелниот договор со францускиот вицепрвак му истекува идното лето, а се
верува дека би можел да се пресели во Реал Мадрид.

Фајза Ламари,
мајката на младиот француски напаѓач најави целосен пресврт во случајот со
договорот на Мбапе и ПСЖ, со тоа што тој на крајот би можел да остане во
француската престолнина.

„Ние разговараме
со ПСЖ изминатиов период, а засега се
’ се одвива добро“ рече Ламари во изјавата за „Ле Паризиен“.

„Минатата вечер
разговарав со Леонардо, едно прашање е чисто, а тоа е дека Мбапе ќе даде се
’
од себе за сезонава да се освои
Лигата на шампионите
“ додаде таа.

„Килијан треба да
биде среќен, доколку е тажен, во тој случај ќе може да им каже на сите за тоа,
а тој понекогаш и го прави токму тоа, со него се
’ се менува од ден во ден“ подвлече Ламари.

Се верува дека
семејството на Мбапе преферира напаѓачот да продолжи во редовите на ПСЖ, за што
има и одлична комуникација со раководството на клубот, иако шпекулациите велат
дека големи се шансите во јануари тој да постигне преддоговор со Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×