Влаховиќ одби да биде најплатениот во историјата на Фиорентина, има ветување за уште повисока плата од Јувентус

by
1 минути читање

Изминатово лето,
Фиорентина одби неколку понуди за услугите на Душан Влаховиќ со намера да го обнови
договорот на Србинот. Неодамна, првиот човек на клубот, Роко Комисо соопшти
дека на маса го ставил најбогатиот договор во историјата на клубот.

Сепак, ниту тоа
не било доволно за Душан Влаховиќ да остане верен, Роко Комисо денеска објави
дека напаѓачот нема да стави потпис на нов договор.

Според новинарот
Николо Шира, зад потегот на Србинот стои Јувентус, „бјанконерите“ се во напредни
преговори со неговиот агент и му ветуваат плата од 6 милиони евра по сезона
(понудата на Фиорентина е 4 милиони евра по сезона).

Јувентус летоска
ќе се обиде да ја копира трансфер формулата за ангажман на Енрико Киеза и да го
донесе Душан Влаховиќ на двегодишна позајмица со обврска во целост да го купи
напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани