Агентот на Франк
Кеси, Џорџ Атангана присуствуваше на мечот помеѓу Милан и Аталанта во кој на
крајот славеа „Росонерите“, а тој беше запрашан и за тоа како стојат работите
во преговорите за нов договор на неговиот клиент.
„Прашајте ги
директорите“ рече Атангана запрашан за актуелната ситуација околу договорот на
неговиот клиент.
„Тука сум само за
натпреварот“ додаде тој во изјавата за „Телеломбардија“.
Кеси веќе влезе
во финалната година од својот актуелен договор со Милан, меѓутоа изминатото
лето самиот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска изјави дека посакува
да остане во составот на „Росонерите“ засекогаш.
На Островот веќе известија дека Манчестер јунајтед под будно око ја следи ситуацијата со Кеси, а во него гледа идеална замена за Пол Погба, во случај Французинот да си замине од „Олд Трафорд“.