172
По мечот Гвардиола беше запрашан што зборувал со Милнер, а тој најпрво се пошегува.
„Зборувавме за нашиот замав (удар со голф палка), тој е подобар голф играч од мене и ми даваше некои совети за голф“, рече Пеп Гвардиола.
„Тој е добро момче, зборувавме натпреварот малку, за жолтиот картон. Тој се шегуваше“.
Но, Пеп не се штедеше во критиките за судијата.
„Тоа беше жолт картон. Тоа е јасно. На Енфилд и Олд Трафорд, ваква е ситуацијата, да беше во Сити наш фудбалер ќе беше исклучен 100 проценти. Јасно, тоа е втор жолт картон и судијата го знае тоа“.