136
По шокантниот
пораз од Шериф во Лигата на шампиони, избраниците на Карло Анчелоти вечерва загубија
и во Ла Лига, Еспањол го изненади фаворитот и славеше со 2-1.
Повратникот во
елитата поведе во 17. минута, детето на Реал Мадрид, Раул Де Томас одлично се
снајде, дојде до една топка на првата статива, го матираше Куртоа за 1-0 и не
се штедеше при прославата.
По еден час игра,
домаќините поведоа со 2-0, Алеш Видал тргна од половина терен, лесно се
ослободи од Начо и реализираше за зголемување на предноста.
Карим Бензема погоди
за 2-1 во 71. минута, но тоа беше се што сторија „кралевите“ кои на крајот
мораа да се помират со прв пораз во Ла Лига оваа сезона.