Наполи на нашиот
Елиф Елмас остана единствен со перфектен скор во топ првенствата во Европа,
вечерва избраниците на Лучано Спалети славеа во Фиренца со 1-2 за седма победа.
Фиорентина слично
како и на дуелот со Интер, беше подобар противник на стартот од мечот, поведе и
со 1-0 со голот на Мартинез Кварта во 28. минута. Сепак, истиот играч десет
минути подоцна направи пенал врз Осимен, Инсиње промаши од белата точка, но во
проодлжението од акцијата, Лозано реализираше за 1-1.
„Наполитанците“
поведоа по пет минути игра во вториот дел, Рахмани најдобро се снајде по еден прекин и со
глава биеше прецизно за 1-2.
Нашиот Елиф Елмас
мечот го започна од клупата за резерви и шанса доби во 57. минута од
натпреварот.
На вториот
денешен дуел од 18 часот, Рома прокнижи нови три бода откако дома стигна до
победа од 2-0 над Емполи. Пелегрини го
отвори резултатот кон финишот на првиот дел со прецизен шут од врвот на шеснаесетникот,
за Мхитарјан по само неколку минути игра во продолжението да го осигура
триумфот.