Куман: Да имав торба со пари, Меси ќе останеше, ќе дојдеа засилувања, ќе доминиравме…

by
1 минути читање

Роналд Куман попладнево се појави на прес конференција во пресрет на дуелот со Атлетико Мадрид и неизбенижни беа прашањата за неговата иднина.

„Мене никој ништо ми нема кажано, но имам уши и очи, слушам и читам што се зборува, што се пишува, многу работи протекуваат“ – вели Холанѓанецот.

Запрашан дали добро си ја врши работата, тој одговори: „Преку глава ми е да се бранам и правдам. Луѓето што се разбираат можат да прават анализи. Се прават големи промени во клубот. Еден ден би сакал да можам поотворено да говорам за се што се случува“.

Запрашан дали друг тренер ќе донесе подобри резултати, Куман вели: „Не знам што може да направи друг тренер, зарем очекувате да зборувам во име на друг тренер? Можам само да кажам дека составот ќе биде истиот во следните три месеци. Се зборува многу за системот, но системот се базира на играчите кои ги имаме. Немаме крила кои можат да одиграат еден на еден, па играме со офанзивни бекови“.

„Да имав торба со пари, Меси ќе останеше, ќе дојдеа засилувања по моја желба па ќе можевме да доминираме“.

„Вака мораме да се подготвуваме со играчите кои ги имаме на располагање. Доколку се опорават оние кое се повредени, ќе имаме посилен состав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани