Филмски грабеж во хотелот во кој живее Лео Меси во Париз

by
1 минути читање

По трансферот во
ПСЖ, Лео Меси го одбра луксузниот хотел „Ројал Монсо“ за привремен дом, едно
ноќевање во апартманот во кој е сместен Аргентинецот и неговото семејство чини
20.000 евра.

Присуството на
Лео Меси придонело да има зајакнато обезбедување, но и покрај тоа, неодамна се
случил филмски грабеж.

Маскирани крадци се
спуштиле од покривот, и преку отворена врата на балконот на шестиот спрат (Лео
Меси е сместен на петиот спрат) успеале да влезат во хотелот. Биле ограбени
четири соби, гостите останале без вредни предмети и пари.

Семејството на
Лео Меси не било ограбено, но фудбалерот сигурно нема да се чувствува пријатно.

Извор од
полицијата за Сан изјавил: „Јасно е дека ова е сериозен безбедносен упад и се
води истрага. Има докази кои сугерираат дека е одговорна искусна банда“.

Една од жртвите
на грабежот за висникот рекла: „Да платите богатство за фенси и безбеден хотел
и некој да ви влезе во соба е вознемирувачко. Полицијата ни рече дека на
безбедносните камери забележале две лица со торба на покривот но не можеле да
ги идентификуваат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани