Ван де Бек не можеше да ги сокрие фрустрациите, го гаѓаше Солшер со мастика! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Летото во 2020
година, Дони ван де Бек се пресели на Олд Трафорд од Ајакс во трансфер вреден
околу 35 милиони фунти, но не успеа да се наметне во првиот тим и имаше
ограничена минутажа.

Холанѓанецот
минатиот месец се обиде да замине од Манчестер јунајтед, во последните денови
од предниот рок преговараше со Евертон, но Оле Гунар Солшер ја блокираше
зделката со објаснување дека смета сериозно на фудбалерот од средниот ред.

Сепак, Дони ван
де Бек никако да добие права шанса, синоќа против Виљареал во Лигата на
шампионите не одигра ниту една минута, тоа беше шести пак оваа сезона како
целиот натпревар го преседува на клупата за резерви.

Па Холанѓанецот
не ја криеше фрустрацијата кога во финишот од мечот Оле Гунар Солшер реши во
игра да ги вметне Фред и Лингард, ја извади мастиката од уста и ја фрлли кон тренерот
на Манчестер јунајтед и неговиот помошник Мајк Фелан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани