78
Барселона синоќа доживеа дебакл откако со 3-0 загуби од Бенфика, најголемиот дел од шпанските медиуми прогнозираат дека тоа беше последниот натпревар на Куман на клупата на каталонскиот тим. Имаше и насловни од типот: „Куман си го ископа гробот во Лисабон“.
„Спорт“ пишува дека раководството на Барселона денеска ќе ја решава иднината на Куман.
Проблем би можело да бидат финансиите со оглед на тоа дека клубот ќе треба да му плати обесштетување на Куман, а и плата на новиот тренер.
Но се верува дека Лапорта ќе најде решение за тоа и Куман е поблиску до отказ отколку до останување на Камп Ноу.
Како најголеми кандидати за нов тренер на Барселона се споменуваат Чави и Роберто Мартинез.