Барселона во првите две кола од Лигата на шампионите заблежа два големи порази, првиот од Баерн Минхен можеби беше и очекуван, но денешниот од Бенфика дополнително го навлече гневот на навивачите.
Веднаш почна да се бара „главата“ на Куман, но фудбалерите сметаат дека тоа не е решение за излез од кризата.
„Лесно е да го отпуштите тренерот… вистината е дека сите ние сме одговорни за ситуацијата. И да бидам искрен ситуацијата е критична“, вели Серхио Бускетс.
Со него се согласува и Френки де Јонг кој вели: „Според мене не е решение да се промени тренерот“.
Куман вели дека ја чувствува поддршката од фудбалерите, но не знае што мисли раководството.
„Ја чувствувам поддршката од моите фудбалери тука во Барселона. А од клубот? Не знам…“, изјави Куман по мечот.