Донарума: Сонував и сонот ми се остварив

by
1 минути читање

Донарума отсекогаш велеше дека негов сон е да настапи во Лигата на шампионите. Синоќа го имаше своето деби во големото натпреварување, ја сочува мрежата на ПСЖ и даде доприно во победата над Манчестер Сити.

„Сонував за вакво деби и сонот ми се оствари“, изјави Донарума по натпреварот.

„Тоа беше прекрасен натпревар, уживав, им благодарам на сите кои беа блику до мене во тешкиот период. Бев релаксиран, знаев дека овој момент ќе дојде и уживав во него“.

„Играњето со овие шампиони е фантастично, тие навистина ти помагаат да созрееш како фудбалер. Му честитам на Меси за првиот гол во овој дрес“.

Се пишуваше дека Донарума не е среќен откако повеќето од натпреварите ги седеше на клупата, а беше и навредуван од навивачи на Милан кои тврдеа дека парите се причината за неговиот трансфер во ПСЖ.

„Прочитав многу работи, многу се смешни. Знам што можам да направам и немам никаков проблем. Тука сум, среќен сум што сум тука и клубот ми дава поддршка. Убаво се смеам кога ги читам тие глупави работи на социјалните медиуми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани