141
Натпреварот почна одлично за Милан, росонерите поведоа со гол на Леао во 20. минута.
Но клучниот момент се случи девет минути подоцна кога Кеси заработи втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.
Атлетико Мадрид тргна силно по погодок во второто полувреме и до него дојде во 84. минута кога Гризман ја затресе мрежата на домаќините за 1-1.
Во судиското продолжение беше досуден пенал за Атлетико Мадрид поради игра со рака на Калулу. Најстрогата казна ја реализираше Луи Суарез за победа од 2-1.
До неочекувано убедлива победа дојде Ливерпул кој со 5-1 славеше на гостувањето кај Порто.
Салах и Фирмино постигнаа по два гола, еден даде Мане, голот за Порто беше дело на Тареми.