74
Информациите од Париз велат дека Донарума не е среќен што најчесто му е резерва на Кејлор Навас. Од ПСЖ секогаш го демантираат тоа, но тешко е да се поверува дека најдобриот играч на Европското првенство е задоволен да седи на клупата.
„Донарума? Имаме двајца одлични голмани. Тие се адаптираат на потребите на стручниот штаб“, вели Покетино.
„Во моментов сме задоволни. Голманот секогаш сака да брани, исто како и играчите што сакаат да играат. Тие тренираат напорно и атмосферата е добра“.
Покетино не кажа утре против Манчестер Сити кој ќе брани, но француските медиуми најавуваат дека прв голман ќе биде Донарума.