„Донарума во ПСЖ е каприц, Рајола му се одмазди на Милан“

by
1 минути читање

Џиџо Донарума и
Милан долго време преговараа за продолжување на соработката, „росонерите“ на
маса ставија плата од 8 милиони евра по сезона, но голманот бараше повеќе и си замина од
Сан Сиро.

Италијанецот реши
кариерата да ја продолжи во ПСЖ, се шпекулира дека „светците“ му дале плата од
12 милиони евра, но Џиџо Донарума постојано велеше дека се преселил
во Париз поради проектот на „светците“.

Но работите не се
одвиваат според планот, Џиџо Донарума е на клупата за резерви а Кејлор Навас е
прв избор помеѓу стативите. Новинарот Франко Ордине пишува дека ваквиот
развој на настаните е доволен показател дека изборот на Џиџо Донарума не бил поради
проектот.

Тој вели дека
трансферот е каприц на неговиот агент Мино Рајола, кој му се одмаздувал на
Милан поради тоа што не добил провизија кога Џиџо Донарума во 2017 ставил
потпис на нов договор со „росонерите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани