Изминативе денови
имаше многу гласини за иднината на Роналд Куман, по тешкиот пораз од Баерн Минхен
во Лигата на шампиони, следуваа киксови против Гранада и Кадиз. Се пишуваше
дека Холанѓанецот ќе добие отказ, но Жоан Лапорта не се реши на еден ваков
чекор.
Барселона синоќа
со 3-0 го совлада Леванте, па
притисокот малку се намали. Последните информации велат дека Роналд Куман се
уште е тренер поради финансиската ситуација на Камп Ноу, Барса нема пари да го
избрка стратегот.
„Каталонците“ го
надминуваат лимитот за плати поставен од Ла Лига, буџетот важи и за фудбалерите
и тренерите, па наследникот на Роналд Куман нема да може да биде регистриран.
Барселона или ќе
треба да ги зголеми приходи или пак да ја намали сметката за плати, и доколку
ова не се случи, ќе биде многу тешко да се ангажира нов тренер.