„Во 2009 играв со Роналдо во Манчестер јунајтед, сега произведувам млеко“

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо минатиот месец се врати на Олд Трафорд и по 12 години повторно го
облече дресот на „ѓаволите“.

За Ричард Екерсли
сето ова е прилчно лудо, со оглед на тоа дека тој во 2009 имаше прилка да игра
со ЦР7, и додека Португалецот се уште прикажува партии на највиското ниво, тој со
години е надвор од светот на фудбалот, има сопствен бизнис и произведува млеко
од овес.

„Постојано мислам
на ова“
– вели Ришард Екерсли, кој последниот натпревар го одигра во 2015 во
дресот на Олдам и стави крај на кариерата на 26 години.

„Роналдо се врати
во Манчестер јунајтед, а кога последен пат беше таму, и јас бев дел од клубот.
Тренерив со него. Тој се уште игра фудбал а јас произведувам млеко и сум
сопственик на продавница. Ова е прилично лудо“.

„Но не би го
заменил животот. Навистина сум среќен. Во мои раце ја имам сопствената судбина
и тоа за мене е бесценето“.

Ришард Екерсли во
2009 дебитираше за првиот тим на Манчестер јунајтед, но истата година го
напушти клубот откако не доби нов договор. Имаше и авантура во САД, по која
решил да стане веган
. По
крајот на кариерата, тој почнува бизнис, отвара продавница за храна со нула-отпад
а подоцна почнува и со производство на млеко од овес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани