Со голови на Смит Роу, Обамејанг и Сака, Арсенал со 3-1 го победи Тотнем во партија во која тотално го доминираа противникот во првото полувреме.
По лошиот старт на сезоната, ова беше трета победа по ред за Арсенал со која се искачија пред Тотнем на табелата.
„Оваа победа е за фановите. Тие беа неверојатни во тешките моменти кога ни беше потребна нивната поддршка“, вели Артета.
„Атмосферата која ја креираа за денешниот натпревар беше едно од најубавите чувства кои сум ги имал на овој стадионот во последно време“.
„Многу значајно за нас беше тоа што победивме на начинот на кој го направивме тоа и да се почувствува конекцијата на тимот со фановите беше навистина посебно“.
„Ова ќе беше невозможно да го направиме без нив. Ние сакаме тие да се горди со начинот на кој ќе играме“.