Рома попладнево го
забележа вториот пораз оваа сезона откако загуби со 3-2 на градското
дерби против Лацио. Жозе Мурињо беше фрустриран од резултатот и по крајот на
мечот го обвини судијата и ВАР дека го уништиле натпреварот со своите одлуки.
„Специјалниот“
очигледно имаше што да каже на оваа тема, но не ја одржа редовната прес
конференција.
Како што
пренесуваат медиумите од Италија, Жозе Мурињо бил бесен откако дознал дека
новинарите нема да можат да влезат во салата и прашањата ќе се поставуваат
он-лајн. Делегатот се правдал дека тоа е одлука на Лацио, по што Португалецот одговорил:
„Лацио може да одбере што сака за својот тренер, јас сум тренер на Рома“.
Дискусијата продолжила, а стратегот порачал: „Сакам да разговарам со новинарите, но вие не
ми дозволувате. Мората да ја почитувате нивната работа. Тие што се овде имаат
право да ми постават прашање“.