Кога Мурињо пристигна во Рома, рече дека нема да смета на Педро, па тој замина во лутиот ривал Лацио.
Денеска Педро не се штедеше во прославата против својот поранешен тим, а овој погодок очигледно дека го сфати и како одмазда кон Мурињо бидејќи токму пред него прославуваше.
„Многу сум среќен со оваа победа, таа е многу значајна за ана и фановите, доаѓа по неколку меча во кои не игравме добро. Ова беше посебно дерби за мене“, вели Педро.
„Многу сум среќен во Лацио. Тука сме како голема фамилија. Навистина ми се допаѓаат идеите на Сари, висок пресиинг, движење на топката брзо и создавање на шанси за гол“.
„Дознав дека многу малку фудбалери дале гол за двата тима на дербито, па среќен сум што сум дел од историјата, ова е значаен момент во мојата кариера“.
„Дербито на Рим е едно од најдобрите во светот бидејќи луѓето во градот зборувуаат за него цела недела. Ве сопираат на улица и ве потсетуваат колку овој меч е значаен за градот“.
„Точно е дека сум играл многу дерби натпревари, но ова за мене е едно од најдобрите во светот“.