Мурињо објасни зошто за еден тренер дерби натпреварите се подобри од другите дуели

by
1 минути читање

Во пресрет на големото дерби на Рим кое се игра денеска од 18 часот, Мурињо вели дека според него за еден тренер полесни се овие дуели отколку помалите. Причината е тоа што мотивацијата кај фудбалерите доаѓа природно.

„Дерби натпреварите се прекрасни за еден тренер бидејќи тој не треба да се грижи за мотивацијата на фудбалерите и степенот на концентрација. Потешко беше да се подготвар играчите за Удинезе, но во дербито секој влегува сто проценти мотивиран“, вели Мурињо.

„Ние играме на победа, дури и кога не можеме да победиме, се соочуваме со тим со кој имаме исти амбиции. Она што го сакам од моите момци е да го напуштат теренот знаејќи дека дале се од себе“.

„За мене е привилегија да бидам дел од римското дерби, но исто така сакам мојот тим да има повисоки амбиции од ова дерби. Ова не е нашата единствена цел оваа сезона“.

Рома на овој натпревар ќе биде без капитенот Лоренцо Пелегрини кој беше нивниот најдобар фудбалер во досегашниот дел од сезоната. Тој е суспендирана.

„Само еден е Пелегрини. Не сакам да зборувам за ова, но треба. Да го имате Пелегрини е една работа, да играте без него е друга. Тој е лидер, тој е добар капитен, но нема да биде со нас. Судијата направи глупост, но која е поентата да се буниме?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани