143
Интересен момент се случи во финишот од мечот меѓу Џенова и Верона кога домашниот фудбалер Дестро со шише во раката постигна прекрасен гол.
Тој пиеше вода кога Пандев му додаде и му овозможи акција за гол. Дестро продолжи да игра иако во раката уште го држеше шишето и постигна прекрасен погодок.
„Имав грч, бев уморен, па не знаев каде да го фрлам шишето и едноставно го држев во раката“, вели Дестро.
„Не бевме добри во првото полувреме, но вториот дел беше еден од најдобрите за нас оваа сезона, го оставивме срцето на терен“.
Ahahahaha! Er primo gol daa storia colla bottiglietta in mano.#Destro#GenoaVerona pic.twitter.com/iMxbHSsKBq
— ANFAMEEE (@ANFAMEEE) September 25, 2021