110
Актуелниот
англиски првак Манчестер Сити би можел да го победи Реал Мадрид за потписот на
Килијан Мбапе, чиј договор со ПСЖ истекува идното лето, по што би бил слободен
играч на трансфер пазарот.
Шеикот Мансур,
газдата на Манчестер Сити издал наредба во клубот да се ангажира Мбапе по било
која цена, а со тоа би се решиле сите дилеми околу нападот, за што предвиден
беше ангажман на Хари Кејн од Тотнем меѓутоа договорот не беше постигнат.
Се шпекулира дека
„Граѓаните“ би тргнале по потписот на Мбапе уште во јануари, а тоа би можеле да го
реализираат и за пониска цена од предвиденото.