Поранешниот
фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Инс јасно му стави дознаење на големото
засилување на клубот од „Олд Трафорд“, Џејдон Санчо дека мора да игра фудбал,
наместо да прикажува шоу на терените, додавајќи дека во реалноста не се работи
за популарната видео игра ФИФА.
„Имам целосно
разбирање за тоа дека Санчо се уште учи, тој е млад“ рече Инс за „Јунајтед
Стенд“.
„Но, ова не е
играта ФИФА, не се работи за дриблање или обид да победите во дуел двајца,
тројца или четворица противници“ додаде тој.
„Да, убаво е кога
ќе се случи тоа, но потребно е да се игра фудбал, едноставен фудбал“ нагласи поранешниот
фудбалер на Манчестер јунајтед кој во периодот 1989-1995 запиша 206 настапи за
„Црвените ѓаволи“ на кои постигна 25 погодоци.