382
И покрај фактот
што Барселона се соочува со криза и испорачува очајни резултати изминатиов
период, Роналд Куман ќе продолжи да ги води Каталонците од клупата, известува „Марка“.
Барселона беше
очајна изминатите три меча против Баерн Минхен, Гранада, но и Кадиз, меѓутоа
првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта донел одлука да не прави драстични
промени во тимот.
Куман и Лапорта
имале и разговор по ремито без голови против Кадиз, а медиумите во Шпанија и
натаму пишуваат дека столчето на холандскиот фудбалски стратег е сериозно
разнишано, а идните три меча против Леванте, Бенфика и Атлетико Мадрид би
можеле да ја одлучат неговата иднина во клубот.