91
Рома денеска не блескаше, но ја оствари целта, со победа над Удинезе се рехабилитираше од поразот од Верона.
Единствениот погодок на мечот се случи во 36. минута кога Калафиори одлично се проби по левата страна, асистираше до Абрахам кој постигна гол за 1-0.
Во 90. минута Пелегрини заработи втор жолт картон, тоа не влијаеше на резултатот, но Рома ќе биде без својот капитен за мечот против големиот градски ривал, Лацио, дуел кој се игра во следното коло.