134
Италијанскиот
прволигаш Јувентус го суспендираше од присуство на своите натпревари навивачот
кој расистички го навредуваше голманот на Милан, Мајк Мењан пред дербито во „Серија
А“.
Навивачот беше
идентификуван веднаш штом излезе контроверзното видео на социјалните мрежи,
видео со кое беше нарушена репутацијата и имиџот на Јувентус, како што
известуваат во Италија.
„Тутоспорт“
објави дека станува збор за лице вработено во фабрика од Ровиго, а истиот веќе
е исклучен од локалниот фан клуб на Јувентус каде тој членува во Верона, а ќе
го гонат и италијанските закони поради ова дело.