Шпанскиот првак
Атлетико Мадрид ќе се обиде да профитира од ситуацијата на Александре Лаказет
во Арсенал, односно истекот на неговиот договор со клубот од Лондон.
Договорот на
францускиот напаѓач со „Топчиите“ истекува идното лето, а 30 годишниот Лаказет
би можел кариерата да ја продолжи токму во Атлетико Мадрид, од каде има
сериозен интерес за неговите услуги.
Според
моменталната ситуација, Лаказет уште во јануарскиот преоден рок ќе има можност
да преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис, а „Ле10Спорт“
извести дека „Јорганџиите“ се во одлични односи со претставниците на напаѓачот.
Истовремено,
францускиот медиум додаде дека преговорите околу продолжување на соработката
помеѓу Лаказет и Арсенал не се одвиваат во добра насока.