125
Голема тага во
фудбалска Италија предизвика смртта на 27 годишната фудбалска судијка Марика
Галиција, а сето тоа при породување со царски рез во болница, смртта настапила
веднаш штом родила машко дете.
Новороденчето е
ставено во инкубатор, а истото е во критична состојба со оглед на тоа што
крвотокот не му функционира, а причините за смртта на Марика се уште не се
утврдени, италијанските медиуми пишуваат дека на рутинските прегледи претходно
не постоеле никакви проблеми.