Лапорта ја коментираше иднината на Куман и испрати порака до Холанѓанецот

by
1 минути читање

Столчето на Роналд Куман сериозно е разнишано, стратегот е под силен притисок по поразот од Баерн Минхен и ремито против Гранада.

Се шпекулира дека Барселона веќе бара нов тренер, низ медиумите има многу шпекулации, па ова не му се допадна на Роналд Куман, кој синоќа одби да одговара на новинарски прашања и само прочита кратко соопштение на прес конференцијата.

Претседателот Жоан Лапорта сега ја коментираше иднината на Холанѓанецот и порача дека таа не зависи од резултатот на мечот против Кадиз.

„Иднината на Куман не зависи од резултатот на вечерашниот натпревар. Ние сме со тренерот, тој е тренер на првиот тим на Барселона и сакаме работите добро да се одвиваат за него“ – вели Лапорта.

„Тренерите, не само Куман, се ценат и зависат од резултатите, а во случајот на Барселона, многу важен е и стилот на игра“.

„Во моментов Куман е нашиот тренер и ние сме со него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани