Солшер го одбил барањето на Роналдо, реши да се коцка и погреши

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед испадна од трката за трофејот од Лига купот, „ѓаволите“ се сопнаа уште
во третото коло и синоќа дома загубија од Вест Хем со 0-1.

Оле Гунар Солшер
реши со втор тим да брка позитивен резултат, направи 11 измени и во стартниот
состав немаше ниту еден фудбалер кој го започна натпреварот против Вест Хем во
Премиерлигата во саботата, на кој беше издвојувана победа од 1-2.

И не само тоа, целосна
поштеда добија Давид де Хеа, Хари Мегваер, Рафаел Варан, Лук Шо, Фред, Погба и
Кристијано Роналдо, кои не се најдоа ниту на клупата за резерви.

Во разговор со
Скај Спортс, Оле Гунар Солшер сугерираше дека Кристијано Роналдо сакал да игра,
но тој решил дека е подобро ЦР7 да одмори. Запрашан дали ова е добар момент за
Португалецот да одбори, тренерот на Манчестер јунајтед рече: „Да, сите знаат
дека тој дојде и веднаш направи разлика, но сезоната ќе биде долга“.

„Сака да игра на
што е можно повеќе натпревари, но мислам дека не е можно да игра вечерва“.

Запрашан дали
превзема голем ризик со сите тие промени, Норвежанецот додава: „Доколку сакаме да
бидеме успешни на крајот, потребен ни е целиот состав, потребно е минутажата да
биде поделена“.

„Секако, има
одреден ризик кога се прават толку многу измени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани