98
Милан продолжува да собира бодови во Серија А, денеска росонерите и покрај големите проблеми со повреди, рутински си ја завршија работата против Венеција.
Венеција на Сан Сиро излезе за да се брани и тоа им успеваше се до 68. минута кога Брахим Дијаз погоди за водство на Милан од 1-0.
По дадениот гол Венеција се отвори, а тоа му овозможи на Милан повеќе шанси за втор погодок.
Натпреварот беше запечатен во 82. минута кога реализираше Тео Хернандез за конечни 2-0.