Мајката на Роналдо ја откри својата голема желба: Пред да умрам, сакам да го видам во дресот на Спортинг

by
1 минути читање

Изминатово лето,
Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед и се верува дека „ѓаволите“
ќе бидат негов последен клуб во Европа, често се шпекулира дека напаѓачот последните
години од кариерата ќе ги одигра во САД.

Сепак, неговата
мајка има други планови, таа сака уште еднаш да го види својот син во дресот на
Спортинг.

„Роналдо мора да
се врати во Спортинг“
– вели Долорес Авеиро во подкастот „АДН де Леао“.
„Доколку јас одлучував, тој веќе ќе беше тука. Обожава да ги гледа натпреварите
на Спортинг. Веќе му реков, „Синко, пред да умрам, сакам уште еднаш да те видам
во дресот на Спортинг“. Тој ми одговори, „Ќе видиме“. Но ако ова не може да се
случи, тогаш Кристијанињо нека го облече дресот на Спортинг“.

Најстариот син на
Роналдо, Кристијано јуниор во моментов е дел од академијата на Манчестер
јунајтед, претходно беше дел од академијата на Јувентус.

„На негови
години, игра подобро од Роналдо“
– вели гордата баба за својот внук. „Но на тие
години, Роналдо немаше тренер, а денеска Роналдо е тренер на својот син. Веќе
му кажа на својот татко, „Кога ќе се вратиме во Лисабон, сакам да игра за
Спортинг“. Да ги видам двајцата заедно во Спортинг ми е голем сон, тоа би било
спектакуларно“.

За враќањето на
Олд Трафорд, таа вели: „На телевизија имаше многу гласини дека ќе оди во
Манчестер Сити, но ми рече, „Мамо не обрнувај внимание на работите што се
кажуваат, јас одам во Манчестер јунајтед“. Да се види стадионот исполнет до
последно место, како 75.000 фанови го скандираат неговото име, тоа беа огромни
емоции“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани