Тимо Вернер
полека но сигурно си ја враќа сигурноста во себе, а веќе покажа дека
партнерството со Ромелу Лукаку во нападот е доста ветувачко, смета шефот на
стручниот штаб на Челси, Томас Тухел.
Германскиот
напаѓач изминатиов викенд влезе во игра на дербито кај Тотнем во 70 минута, а
во завршницата му асистираше на Рудигер за голот со кој се поставија конечните
0-3 во корист на „Сините“ од Лондон.
„Тој ни даде
јасно дознаење колку опасен може да биде заедно со Лукаку“ рече Тухел на
пресконференцијата во пресрет на утрешниот меч со Астон Вила во рамките на Лига
Купот.
„Постоеше некое
разочарување од Европското првенство, како и првите натпревари, јас не верувам
дека тој беше среќен со неговите перформанси, работите кои вие не ги гледате
всушност се случуваат за време на тренинзите, тој е многу повеќе релаксиран, има
поголема течност во неговата игра и движење, со поголема самодоверба“ додаде
Тухел за својот сонародник.
„Постојат јасни
сигнали дека Вернер е на добар пат, а тоа ќе може да го потврди утре, го имавме
во доста опасни позиции околу Лукаку, а на крајот запиша асистенција, се движи
доста паметно, тој е слободен и неговото носење на одлуките доаѓа со поголема
самодоверба, се надевам ќе успее да се притисне себе си и да продолжи во тоа
темпо“ заклучи германскиот фудбалски стратег.