170
Рома под водство
на Жозе Мурињо на одличен начин ја стартуваше новата сезона во „Серија А“,
меѓутоа во четвртото коло се случи и првиот пораз, на гостувањето кај Киево во
Верона.
По трите победи
во низа против Фиорентина, Салернитана и Сасуоло, „Римската волчица“ беше поразена
кај Киево со 3-2, а напаѓачот Тами Абрахам тргна кон навивачите да се извиниза
перформансите.
Веднаш штом го
стори тој гест, навивачите од Рим му одговорија со поддршка на англискиот
напаѓач кој во летниот преоден рок пристигна од Челси.