84
ФИФА и изрече
парична казна од 186 илјади евра на Унгарија поради расистичките испади на
гледалиштето на мечот со Англија кој фаворитот го доби убедливо со 0-4.
Истовремено, од
светската фудбалска организација донесоа и одлука Унгарија следните два меча на
домашен терен да ги игра без присуство на публика, односно зад затворени врати.
Рахим Стерлинг и
Џуд Белингам беа фудбалерите кон кои целеа домашните навивачи со расистички
скандирања во текот на натпреварот, а истовремено кон гостите беа упатени и
свирежи поради традиционалното клекнување на колена пред натпревар во знак на
поддршка кон движењето „И животот на црномурестите е важен“.