62
ПСЖ утре има нов настап во Лига 1, му гостува на Мец.
„На Лео Меси утринава му беше направен скен на коленото по ударот кој го доби против Лион. Снимката покажа контузија на коската. Во следните 48 часа ќе биде подложен на уште еден преглед“, соопштија од ПСЖ.
Меси беше лут кога Маурисио Покетино го извади од игра. Неговото однесување се уште е голема тема во француските медиуми.