Меси е бледа копија на себе, треба да научи дека во ПСЖ ги нема привилегиите кои го имаше во Барселона

by
1 минути читање

Меси досега играше на три натпревари за ПСЖ и не постигна ниту еден гол. Неговото негодување откако беше заменет на мечот со Лион предизвика многу реакции и во медиумите и на социјалните мрежи.

„Ла Парисиен“ пишува дека Меси е бледа копија на оној кој играше во Барселона.

„Се чини дека и на него му станува јасно дека престојот во Париз ќе му биде поголем предизвик отколку што очекуваше, ќе мора да даде се од себе за да ги импресионира луѓето. Лео Меси во моментов е бледа копија на брилијантниот играч од Барселона. Се почесто го гледаме со наведната глава како оди по теренот наместо да трча, нема никакво влијание врз играта на ПСЖ“, пишува францускиот весник.

Специјализираниот фудбалски портал „Гол“ пишува дека Меси почнува да учи дека ги нема привилегиите кои ги имаше во Барселона.

„Во Барселона Меси беше недопирлив, но во ПСЖ не е така. Не ги изведува пеналите, а треба да се договара дури и за слободните удари. Аргентинецот негодуваше кога беше изваден од игра проотив Лион, но треба да сфати дека не е недопирлив како што беше во Барселона, тука ги нема привилегиите кои ги имаше таму“, пишува меѓудругото „Гол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани