Барселона синоќа одново разочара, во последните минути се спасуваше од пораз против Гранада на Камп Ноу.
Столчето на Роналд Куман и онака беше разнишано по поразот од Баерн Минхен, па стратегот со една нога е надвор од клубот. Мундо Депортиво пренесува дека Холанѓанецот ќе ја предводи Барса и на дуелот со Кадиз, но нов кикс сигурно ќе значи отказ.
„Каталонците“ веќе работат на план Б, и според МД, доколку Роналд Куман добие отказ, ќе се донесе тренер кој ќе започне нов прoект и нема да биде привремено решение.
Новинарот Жерард Ромеро пак пишува дека на листата со желби се Чави, Антонио Конте, Филип Коку, Јоаким Лев и Андреа Пирло.
Претходно се шпекулираше со имињата на Ерик тен Хаг, Роберто Мартинез и Марсело Биелса.