Јувентус не игра
според посакуваното, а Масимилијано Алегри не беше задоволен од изданието на
своите избраници во ремито на домашен терен против Милан со 1-1 изминатиов
викенд во Серија А.
По четири
одиграни кола во најсилниот италијански фудбалски шампионат, „Старата дама“ се
наоѓа дури на 18 место на табелата, инаку позиција која води во Серија Б, односно
со само два освоени бода досега, па речиси очекувана е реакцијата на Алегри
која ја уловија камерите од дербито на колото.
Алегри беше „уловен“
од камерите како упатува пцовки, а неколку италијански медиуми објавија дека
неговите зборови потоа биле „Вие играте за Јувентус“, иако некои тврдеа дека
всушност рекол „Тие дури сакаат да играат за Јувентус“, што јасно алудира на
тоа колкава е разочареноста кај него од своите избраници.