33 годишниот напаѓач Трој Дини по цели 11 години летово си замина од Ватфорд и продолжи во
Бирмингем, а во својот коментар за „Сан“ тој даде свое мислење за изјавата на
голманот на Манчестер јунајтед, Ли Грант кој откри интересна анегдота од „Олд
Трафорд“.
Резервниот голман
всушност откри дека ниту еден фудбалер на „Црвените ѓаволи“ не сакал да земе
десерт на вечерата пред мечот со Њукасл пред очите на Кристијано Роналдо, а
сето тоа најмногу поради здравите навики на Португалецот.
„Таа приказна
всушност ја говори целата вистина, и јас би постапил на ист начин доколку
Роналдо влезеше во мојата соблекувална“ пишува Дини.
„Всушност,
доколку јас го видев Роналдо како јаде гом*а од коњ пред натпреварите, јас би
го сторил истото“ додава тој.
„Сите добро знаат
колку Роналдо се грижи за себе си, по којзнае кој пат се уверивме и откако го
соблече дресот во голот за Португалија против Ирска, ние како професионални
фудбалери не сме во лошо издание, но сите бевме љубоморни на неговиот изглед“
подвлече Дини.
Во својот коментар Дини алудираше на тоа дека фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе
имаат голем бенефит во своите кариери гледајќи ги здравите навики на
португалската ѕвезда, но и сиот тој професионализам на работа кој би бил од
голема корист за самите нив.