Л’Екип ја откри платата на Меси, доколку Аргентинецот на ПСЖ му остане верен до крај ќе заработи 110 милиони

by
1 минути читање

Лео Меси ќе
заработи 110 милиони евра доколку на ПСЖ му остане верен до крај и помине три
сезони во Париз.

Л’Екип денеска ги
откри деталите, Аргентинецот ќе има плата колку онаа на Нејмар, но разликата е
тоа што во иднина, Лео Меси ќе заработува повеќе од Бразилецот.

Напаѓачот во
првата година ќе добие 30 милиони евра нето, додека во втората и третата ќе добива
по 40 милиони евра, благодарејќи на клаузула за лојалност и исплата од по 10 милиони евра
годишно.

Весникот исто
така пренесува дека 1 милион од платата, Лео Меси ќе ја добива во фан токени, ПСЖ
очекува од ваквиот метод на исплата да направи профит помеѓу 25 и 30 милиони
евра годишно благодарејќи на соработката со
Crypto.com.

Во овие суми не
влегуваат бонусите, оние за колективни и индивидуални цели, тоа значи дека Лео
Меси може да заработи многу повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×